НАШИТЕ ПРОИЗВОДИ

Придобивки од Озонотерапијата

Подобрување на имунитетот
Санација на кожни и интимни воспаленија
Обнова на ткива и кожна бариера
Безбедна и природна поддршка за здравјето

ИДРОЗОИЛ - Чистење без иритација

При иритација, чешање, ксероза (сувост), себореја и кожна преосетливост, Идрозоил претставува иновативна формула за нежно, ефикасно чистење и третман на кожа, слузници и скалп.

Редовната употреба на производот ги намалува сите непријатни сензации поврзани со дерматолошките проблеми кои се карактеризираат со иритација, чешање, сувост (ксероза), себореја и кожна преосетливост.

 

Идрозоил нема контраиндикации и е погоден за употреба од најрана детска возраст, за време на бременост, во постпородилен период, како и во тек на менструалниот циклус.

Во Идрозоил, OZOILE® е комбиниран со благ, нежен и комплетно компатибилен сурфактант кој нежно ги отстранува нечистотиите без да ја оштетува кожата и слузниците.

Редовната употреба на производот ги намалува сите непријатни сензации поврзани со дерматолошките проблеми кои се карактеризираат со иритација, чешање, сувост (ксероза), себореја и кожна преосетливост.

Идрозоил ја содржи патентираната формула OZOILE®, која има широкоспектрално антимикробно дејство против бактерии, габи и вируси. Истовремено, OZOILE® има моќно противвоспалително и регенеративно дејство.

Последни клинички случаи

Тендивал Емулгел - Озонотерапија при болка и воспаление

Тендивал ги контролира воспалителните процеси исто толку ефикасно колку и популарните локални антивоспалителни лекови, но истовремено овозможува многу повеќе. Благодарение на регенеративните својства на формулата OZOILE®, Тендивал го стимулира побрзото заздравување на оштетените ткива во мускулите, тетивите и зглобовите. Освен воспалението и отокот, Тендивал позитивно влијае и на модриците и лезиите на мускулите и тетивите. Клиничкото искуство покажува подобри резултати при терапија со Тендивал, особено при подолготраен третман.

 

Тендивал нема контраиндикации и може да се користи од најрана детска возраст, од бремени и доилки, како и од пациенти со срцеви заболувања. Неговата употреба не покажала несакани ефекти.

Тендивал е погоден за примена и при различни физиотерапевтски процедури – дијатермија, ултразвук, електрофореза, магнетотерапија и терапија со ударни бранови.

Во случај на контакт со очите, исплакнете обилно неколку минути. Отстранете ги контактните леќи доколку ги користите. Продолжете со испирање. Пред употреба добро измијте ги рацете. По употреба цврсто затворете ја тубата. Препорачливо е производот да се употреби во рок од 6 месеци по отворањето.

ТЕНДИВАЛ® Емулгел има одлична подносливост. Досега нема регистрирани случаи на сензибилизација или несакани ефекти. Не користете го при докажана преосетливост кон производот или неговите состојки. Доколку забележите несакана реакција, прекинете со употреба и консултирајте лекар.

NEWSLETTER

Доколку сакате да дознаете за сите новости, зачленете се на нашата страница!

Податоците ке се користат во согалсност со нашата Политика за Приватност

Што рекоа за нас